Каталонскиот гигант Барселона и дефинитивно ќе се раздели со Осман Дембеле. Клубот го информираше францускиот интернационалец дека сите обиди за продолжување на соработката се пропаднати и тој нема веќе да настапува во дресот на Барселона.
Ова се случува поради тоа што Французинот побарал сума од 200 милиони евра за наредните пет години, и дополнителни 20 милиони евра за фудбалерот и уште 20 милиони евра за неговиот агент. Тоа е проценето како дрзок и непромислен потег од Осман Дембеле кој сега дефинитивно ќе биде продаден.
За Дембеле има интерес од неколку клубови, а најактивни на фудбалската берза се Пари Сен Жермен и Њукасл.