Бурно заврши реваншот од четвртфиналната пресметка меѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, а страстите не се смирија ниту по натпреварот.
Се започна со прекршокот на Фелипе врз Фил Фоден, кој предизвика бунт на теренот во кој беа вклучени многу играчи од двете страни. Потоа конфликтот продолжи во тунелот кога хрватскиот дефанзивец Шиме Врсаљко дури ги плукна противничките играчи.
Затоа, најдоа соодветно да објаснат од таборот на „јорганџиите“ што го предизвикало ваквото однесување на нивниот десен бек.
„Шиме ги одвојуваше учесниците во инцидентот од двете страни. Додека го правеше тоа, некои резервни играчи на Манчестер Сити и Кајл Вокер се однесуваа многу лошо со него. Го оттурнаа и ја предизвикаа неговата реакција“, изјавија ос тимот на Атлетико Мадрид.
https://twitter.com/MrTomMcDermott/status/1514354781942394881?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514354781942394881%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D04dd%3D15nav_id%3D2140204