Македонските интернационалци, Џани Алиоски, Иван Тричковски и Екдал Ракип ќе играат во групната фаза на Лигата на Европа.
Алиоски со Фенербахче одново беше подобар од Австрија Виена (4-1), АЕК Ларнака на Иван Тричковски повторно го надигра украински Днипро, додека пак Малме на Ракип со вкупни 5-1 ја доби битката со турскиот прволигаш Сиваспор.
Пјуник на Марјан Радески по исцрпувачки меч кој заврши не пенали доживеа пораз од Шериф и остана без место во ЛЕ, но ќе игра во групната фаза на Конференциската лига.
Во Конферециската лига пак нема место за Јани Атанасов и Никола Серафимов чии екипи Хајдук и Мол Фехервар загубија од Вилјареал и Келн, односно на тој начин останаа без европска есен.