Јокиќ го преслуша Јанис Адетокумпо во НБА-пресметката во рекетот, па српската ѕвезда со 29 поени, осум скока и шест асистенции беше лидер кај Србија и најзаслужен за многу важната победа по која сега имаат скор 2-3 како и третопласираната Турција, додека Грците им бегаат една победа во групата.
Србија во текот на целиот меч ја диктираше играта и беше константно во водство до највисоките плус десет (60-50) на средина од третиот период, но иако имаа и девет предност во четвртиот, на крај Грците се изборија за продолжение со серијата 8-0 во завршницата, па големите 87-79 ги претворија во егал 87-87.
Но, во дополнителните пет минути, сепак Србија беше подобра и го надомести тоа што го пропушти во регуларните 40 минути за на крај да триумфира со 100-94
Јармаз даде 15 поени, Лучиќ погоди 14, а Милутинов 12 како дополнување на одличниот Јокиќ, додека залудни беа 40-те поени со осум скока и пет асистенции Адетокумпо, кој поддршка имаше само од својот брат Танасис кој даде 12 поени и од Дорси со 13 поени.