Бостон Селтикс не успеа да ја заврши работата и да се пласира во финалето на лигата. Мајами забележа победа од 111:103 во Бостон и израмни на 3-3 .
Големите играчи се најдобри кога е најважно, а Џими Батлер беше токму таков. Тој одигра голем натпревар на гостувањето во Бостон, беше незапирлив и го предводеше Мајами до победа со која ја враќа серијата на Флорида каде шампионите ќе одлучат кој ќе им се придружи на Голден Стејт Вориорс во финалето на лигата.
Батлер го одигра најдобриот натпревар во својата кариера во плеј-офот и се приклучи на друштвото на одлични играчи кои пружија брилијантни перформанси кога нивните тимови се соочени со исфрлање. Селтикси не можеа да го спречат, тој имаше одговор на сите нивни обиди и Мајами заслужи седми натпревар.
Бостон се обиде, се бореше, имаше водство во последната четвртина 97:94 по тројката на Дерик Вајт, но потоа Кајл Лори ги презеде работите во свои раце и ја врати предноста на страната на Хит, почна нова серија и Мајами дојде до победа.
„Се ќе се одлучи во тој еден натпревар, тоа е седми натпревар, борбата за финале во НБА, влогот е навистина голем. Знаеме колку и знаеме колку финалето значи за сите, за нас и за нив подеднакво. Ќе бидеме подготвени“, рече Џејсон Тејтум.
Батлер го заврши натпреварот со 47 поени, од кои 17 постигна во последната четвртина. Тој шутираше 16/29 од игра и додаде 11/11 од линијата за слободни фрлања. Тој додаде девет скока и осум асистенции. Лоури го следеше со 18 поени и десет асистенции.
Кај Бостон, Џејсон Тејтум постигна 30 поени со девет скока, Дерик Вајт додаде 22 поени со пет асистенции, а Џејлен Браун додаде 20 поени со шест скока.