НБА ѕвездите ги стартуваа завршните подготовки за новата сезона и со тоа доаѓаат и првите натпревари во пресезоната, а Далас за прв противник ќе го има тимот на Мемфис.
Мавериски на домашен терен терен ќе ги пречекаат Гризлис, но во најавата за овој меч пристигна еден интересен момент од отворениот тренинг.
Лука Дончиќ е познат по тоа што изведува циркузантски шутеви за време на тренинзите и загревањата со своите соиграчи, а еден таков обид сега му донесе ќар од 100 илјади долари.
Имено, Дончиќ се обложил со Лајвли дека ќе погоди од кош на кош при првиот свој обид, а откако Словенецот погоди на неверојатен начин, присутните во салата ја доловија и нервозната реакција на соиграчот.
Дончиќ преку социјалните мрежи самиот потврди дека имало облог за овој обид, или всушност опкладата изнесувала 100 илјади долари.
https://twitter.com/i/status/1843004195823407189
https://twitter.com/i/status/1843004195823407189