За битолчани ова е прво учество во битката за титулата во 74-годишната клупска историја, во кое ќе ги одмерат силите со МЗТ Скопје, кој во два меча ја реши првата пречка во доигрувањето ТФТ. Десетте поени во низа на крајот од последната четвртина се покажаа клучни за триумфот на домаќинот, со оглед што за само две минути негативата 60-64 ја претворија во сосема солидна позитива (70-64), која потоа умешно ја задржаа. Кавадарчани се покажаа како одличен ривал, на кој му фалеше само малку да дојде до второто финале по ред.
Игор Кесар со 25 поени беше најдобриот кај Пелистер, додека Никола Малешевиќ надополни со 17 поени. Џордан Калахан со 22 поени (пет тројки) беше убедливо најдобар кај Еуро Никел.
Големото финале почнува в петок во салата „Јане Сандански“, а серијата се игра до три победи. Тоа значи дека во Битола би се играло на 5 јуни (недела), а „металците“ повторно би биле домаќини два дена подоцна. Ако биде потребно, четвртиот меч ќе биде на програмата на 10 јуни (петок) повторно во Пелагонијата, а евентуалната „мајсторка“ е закажана за 12 јуни (недела) во скопската населба Аеродром.