Германскиот тенисер Александер Зверев беше подобар од шпанското чудо од дете Карлос Алкараз со 3-1 во сетови, односно 6-4, 6-4, 4-6 и 7-6 за пласман во полуфинале на Ролан Гарос.
Првиот сет не понуди многу возбудувања, освен во петтиот гем, кога беше направен единствениот брејк од страна на Германецот, кој го доби сетот со 6-4.
Вториот сет беше идентичен на првиот, но овој пат брејкот падна во седмиот гем, а тој му беше доволен на Зверев за да поведе со 2-0 во сетови.
Алкараз покажа знаци на живот, кога го доби третиот сет со 6-4, каде што повторно решаваше еден брејк, додека во четвртиот сет беше забележана повозбудлива битка меѓу тенисерите, а на крајот како победник излезе германскиот тенисер со 9-7 во тај-брејкот.
Ова е одмазда на Зверев за поразот во финалето на турнирот во Мадрид со 0-2 во сетови од Шпанецот