Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ многу полесно дојде до победата против Танаси Кокинакис отколку во првото коло на Вимблдон.
Србинот го преслуша Австралиецот со 6-1, 6-4 и 6-2 за место во трето коло и не загуби ниту еден сет. Ѓоковиќ ја продолжи победничката низа на лондонската трева на 23 мечеви.
Следен ривал на првиот носител на грен слемот ќе биде неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ, кој со 3-1 беше подобар од Алехандро Табило од Чиле.
Големо изненадување приреди Иго Умбер, кој го елиминираше третиот носител Каспер Руд. Норвежанецот го освои првиот сет со 6-3, но потоа Французинот одговори со 2-6, 5-7 и 4-6.