Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по драмата во третиот сет од мечот против Полјакот Хуберт Хуркач избори пласман во финалето на Мастерсот во Париз и со тоа испиша историја. Седмата година ќе ја заврши на врвот на АТП листата. Познато е и против кого ќе се бори за рекордна, 37. титула на турнирите од Мастерс серијата.
Тоа ќе биде Данил Медведев. Во второто полуфинале, Русинот лесно го совлада Александар Зверев во 80 минути игра – 6: 2, 6: 2.
Неделното финале ќе биде 10. дуел на српскиот и рускиот тенисер. И двајцата имаат по пет победи, а посебно го памети поразот во последниот дуел. Во финалето на УС Опен Медведев го спречи да ја освои историската, 21. Грен слем титула.
Еве шанса за реванш.