Фати по пет минути ја затресе мрежата на домаќините, а потоа во листата со стрелци се запишаа Бускетс и Депај за предност од 3-0.

Во вториот дел Аспас намали на 1-3, по што Нолито во 74. минута стрелаше за 2-3, а Аспас во 96. минута погоди за 3-3.

Барселона има 17 бода и веќе четири меча не знае за победа, па се наоѓа на деветтото место, додека Селта е на 14. позиција со 12 бода.

Иако Чави е потврден за нов тренер, сепак разбирливо денеска не беше на клупата, бидејќи треба да се средат административните работи.