Баерн Минхен во второто полувреме му даде осум гола на Дармштат (8-0) откако по првиот дел немаше голови. Хари Кејн постигна хет – трик, а еден гол беше посебен, го постигна од својата половина на теренот.
Чуден меч беше овој на „Алијанц арена“, Кимих доби црвен картон во четвртата минута, но до крајот на првиот дел Дармштат остана со двајца фудбалери помалку откако „поцрвенеа“ и Ѓасула и Маглица.
Кејн даде три гола, Лирој Сане два, исто како и Џамал Мусијала, а погоди и Томас Милер.
Аугсбург го победи Волфсбург со 3-2, Борусија Менхенгладбах триумфираше против Хајденхајм со 2-1, а Вердер победи со 2-0 против Унион Берлин.