Македонецот Давид Тошевски се наоѓа во брилијантна форма по враќањето во Австрија Клагенфурт. Македонскиот напаѓач одигра уште еден феноменален меч и го постигна вториот хет-трик во само два настапа за старо-новиот клуб.
Клагенфурт одигра пријателски натпревар против нисколигашот Хермагор, a Тошевски постигна три гола во голеадата со конечни 10-1. За него ова е знак дека формата е значително подобра, што секако ги радува сите во тимот. Македонецот пред неколку дена имаше хет-трик и на дуелот со Трајбах, па веројатно заслужи да добие договор и големи се шансите да остане во Австрија.
22-годишниот офанзивец ја започна кариерата во Работнички, а потоа настапуваше за руските Ростов и Тамбов и полскиот Горник Забрзе.