Нашиот напаѓач веќе собра пет голови во дресот на поранешниот тим на легендарниот Алекс Фергусон, а можеше да има и шест ако не беше колегијален за да му дозволи на Висенте Бесијуен од пенал да ги постави конечните 5-0 во саботната убедлива победа над Ливингстон. Миовски веќе имаше постигнато два погодока, но наместо да оди на хет-трик реши да му ја оствари желбата на соиграчот.
„Сакам Бојан да заврши како најдобар стрелец во лигата, а сакам и да го предводи нападот на Македонија на претстојните дуели со Грузија и Бугарија. За да се случи тоа треба да постигнува голови. Сакам моите напаѓачи да биде безмилосни и да се борат за секоја можност да реализираат, никако не смее да ја остават топката на соиграч. Зборувавме за ова, се смеевме и шегувавме, но ако Вини промашеше, разговорот ќе беше поинаков“, изјави Гудвин.
Миовски засега има постигнато еден гол помалку од Кјого Фурунаши од Селтик, кој е лидер на листата стрелци во Шкотска.