Македонскиот репрезентативец Миовски со неговата Џирона остварија убедлива победа над Еспањол со 4-1 во каталонското дерби во Ла лига.
Напаѓачот на Џирона Бојан Миовски влегува во елемент во шпанското првенство, започна да ги тресе противничките мрежи во Примера. Македонскиот голгетер беше стрелец на два голови во 16 и 21 минута, а згора на тоа асистираше за водечкиот гол кој беше дело на новиот шпански репрезентативец Брајан Хил.
За Џирона гол постигна и Крејчи, додека за Еспањол реализатор беше Пуадо во 55 минута.
Ова за избраниците на Мичел беше трета победа во низа и со 21 бод се на одличната петта позиција на табелата.