Aргентинскиот фудбалски ас Анхел Ди Марија, до пред неколку години беше еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот, а сега во португалското првенство прикажува игри како од соништата.

Ди Марија на залезот на кариерата се врати во Бенфика, клубот во кој ја започна европската фудбалска епопеја. Од Бенфика направи трансфер во Реал Мадрид од каде преку големите фудбалски гиганти Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус повторно се врати во Лисабон.

Тој е вистински херој, омилен кај фановите на Бенфика, а иако е блиску до 37. година од животот прикажува одлични игри како што беше на дуелот против Естрела.

Ди Марија потсети на неговите славни денови и во дресот на Бенфика, постигнувајќи неверојатен „хет-трик“.

Аргентинската легенда на натпреварот со Естрела постигна три гола за шеснаесет минути, но еден од головите беше вистинско фудбалско ремек-дело, тој со спектакуларен удар со „ножички“ ја затресе противничката мрежа на Естрела.

 

На овој дуел екипата на Бенфика триумфираше убедливо со 7-0.