Екипата на аргентинскиот Расинг клуб триумфираше со 3-1 во финалето на Копа Судамерикана. Ова е натпреварување кое е пандан на Лигата на Европа во организација на УЕФА. Во големото финале кое се играше во главниот град на Парагвај, Асунсион, тимот на Расинг со 3:1 го победи бразилскиот Крузеиро со 3:1. За Расинг ова е прв трофеј во ова натпреварување, но и прв трофеј по пауза од 36 години.
Фудбалерите на Расинг започнаа офанзивно. Прво дадоа гол во третата минута, кој беше поништен. Продолжи во ист стил напаѓачки, па награда за тоа беа головите во 15 и 20 минута кога аргентинскиот тим стигна до солидна предност.
Крузеиро намали на 1:2 на почетокот на второто полувреме, а кога бразилската екипа тргна на „се или ништо“, во финишот, Расинг клуб даде и трет гол во 90+5 минута за конечни 3:1.