Екипите на Баер Леверкузен и Штутгарт играат во одлична форма, двата клуба дојдоа до гостински победи и ја прескокнаа Борусија Дортмунд на табелата.
Баер со 3-0 славеше на гостувањето кај Мајнц. Мечот беше отворен со автогол на Ван ден Берг во 18. минута, во вториот дел погодија и Грималдо и Хофман.
Штутгарт со 2-0 славеше во Келн. Ундав и Еглоф ги дадоа головите во второто полувреме.
Волфсбург со 2-0 го совлада Ајнтрахт Франкфурт, Хајденхејм со 1-0 славеше над Унион Берлин, а гостински триумф обезбеди Борусија Менхенгладбах кај Бохум каде победи со 3-1.