Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај може да ги напушти Каталонците, после само една година престој на „ Камп Ноу”.
Според британски „Сан“, Арсенал кој има потреба од нов напаѓач по разделбата со Пјер-Емерик Обамејанг, почнал разговори со агентот на холандскиот репрезентативец.
Претходно стана јасно дека агентот на Депај го контактирале и Евертон и Њукасл кои исто така имаат добри понуди за фудбалерот кој следната сезона може да остане без место во стартниот тим на Каталонците.