Ди Марија на првиот официјален меч пред своите навивачи даде деби гол, па запиша асистенција, а Влаховиќ погоди двапати за убедливата победа на „старата дама“, која најавува сезонава дека ќе се втурне во трката за „скудетото“ после две години пост во кои Интер и Милан ја освојуваа шампионската титула.
Ди Марија, кој како слободен играч дојде од ПСЖ во 26-та минута го отвори резултатот после асистенција на Алекс Сандро, а Влаховиќ две минути пред паузата од пенал погоди за да ја дуплира предноста, па потоа пет минути по рестартот на мечот даде втор гол на асистенција на Аргентинецот за да ги постави конечните 3-0.
Но, загрижувачки за Јувентус е повредата на Ди Марија, кој во 65-та минута беше изваден од игра поради проблеми со адукторот, па допрва ќе се види колкава евентуална пауза го чека или е само ситен проблем.