Бразилскиот напаѓач Витор Роке наместо да биде големо засилување за Барселона, испадна проблем, а со свое мислење за целата ситуација се јави и легендарниот Ривалдо.
Агентот на Роке јавно порача дека неговиот клиент би можел да замине перманентно од Барселона бидејќи не е задоволен од статусот.
Роке требаше да остане во Атлетико Параненсе до крајот на сезоната, а потоа да пристигне во Барселона, но Каталонците поради големиот број на повреди одлучија да го повлечат во јануари.
„Витор Роке е млад фудбалер кој има иднина, но Барса направи грешка што го зема во јануари. Барселона требаше да постапува со него како што тоа го прави Реал Мадрид со нивните таленти, ги потпишува и ги остава некое време да играат во нивните клубови“, вели Ривалдо.