Полската гол-машина Роберт Левандовски го достигна легендарниот бомбардер Герд Милер и во последната категорија, по број на „златни копачки“ освоени во Бундеслигата, откако Полјакот со завршување на оваа сезона во германската елита, наградата за прв стрелец ја освои по – седми пат.
Петта сезона по ред Левандовски е најдобар стрелец во Бундеслигата, сезонава со 35 гола, а лани имаше рекордни 41 гол, а шести пат е „златна копачка“ како фудбалер на Баерн Минхен. Полјакот има една ваква награда и во дресот на Борусија Дортмунд, прва за него во Бундеслигата, по што буквално експлодира давајќи голови во дресот на Баварците.
Левандовски во Бундеслигата има 311 голови, 74 за Дортмунд и 237 за Баерн, ама нема да има шанса да го надмине Милер зашто летово заминува од Минхен и ќе се пресели во Барселона.