До сега сме играле и со многу послилни репрезентации и фудбалски велесили како што се Германија, Англија, Холандија, Италија и Белгија при што сме освоиле најмалку бод.
Во квалификациите за СП 1998 двапати загубивме убедливо, со 0-3 и 2-4, па во квалификациите за СП 2006 пруживме силен отпор, ама повторно останавме куси со два идентични порази со 1-2, а капак на се беше мартовскиот пораз во Букурешт со 2-3, на меч на кој успеавме да се изнапромашуваме, па потоа за две минути да се вратиме од два гола негатива и на крај – да загубиме наивно на четири минути пред крајот.
Вкупната гол-разлика 6-14 а единствената победа ја имаме на пријателски меч и тоа пред 11 години, на 2 јуни 2010 година со 1-0.
Вечерва во 20:45 на арената Тодор Проевски е идеална шанса за црвено жолтите да ја прекинат оваа лоша серија со Романците и да освоиме по можност и цел плен со што би ги зачувале шансите за едно од првите две места во групата.