Германскиот гигант Баерн Минхен е уште еден клуб кој покажува интерес за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Откако Манчестер Јунајтед и Челси не успеаја да го доведат 25-годишниот Холанѓанец, Баварците сега подготвуваат изненадувачка понуда за него, тврдат германските медиуми.
Идејата на шефовите на Баерн е да го земат Де Јонг на позајмица на една година со опција да го купат следното лето. Германскиот гигант исто така е подготвен да плати доста сериозна сума за позајмицата и во целост да ја преземе и платата на играчот.
Голема е веројатноста Барселона да се согласи на таков договор, бидејќи тоа би ослободило доволно финансии за клубот да потпише со стоперот Жил Кунде кој се уште „виси“ со регистрацијата за Барселона.
Де Јонг исто така покажува повеќе симпатии за трансфер во Баерн Минхен, каде повторно ќе се соедини со неговиот добар пријател Матијс де Лихт, кој беше доведен на почетокот на летото од Јувентус.