Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски го постигна својот четврти гол сезонава во 12-от меч за Дебрецин, прв после еден месец откако стрелаше во противничките мрежи, во пресметката со Вашаш која неговиот тим за едно полувреме ја реши во своја корист.
Бабунски го израмни голгетерскиот ефект од минатата сезона, откако во зимскиот преоден рок го засили Дебрецин со трансфер од Ботев Враца, па ефектот му беше четири гола на 16 меча, а сега дојде до четири погодоци за помалку средби – 12.
Тој постигна гол во 38-та минута, третиот за неговиот тим и играше еден час на натпреварот, по што во 61-та минута беше заменет. Пред овој погодок, последен пат помладиот Бабунски се запиша во листата на стрелци на 1 октомври против Хонвед во победата со 4-3.