Астон Вила успеа да го совлада Манчестер Јунајтед со 3-1, а за новиот менаџер Унаи Емери тоа е прв триумф по враќањето во Премиер – лигата, каде во минатото го предводеше Арсенал. Домашниот тим фуриозно го започна мечот со головите на Леон Бејли и на Лукас Дињ, а пред крајот на првиот дел Јунајтед намали со автоголот на Рамзи.
Сепак, Џејкоб Рамзи се поправи на почетокот на вториот дел со гол во мрежата на гостите.
Њукасл славеше со 1-4 на гости против Саутемптон, а Кристал Палас исто така оствари гостинска победа (1-2) против Вест Хем.