По поразот од Молдавија во минатото коло, македонските надежи во една лоша претстава, овојпат на домашен терен бевме поразени и надиграни од Грузија.
Клучниот момент се случи по девет минути игра во второто полувреме кога Мамадашвили постигна убав гол од далечина за водство и победа на Грузија од 1-0.
Грузијците беа подобри во текот на целиот дуел, особено во второто полувреме кога не престанаа да напаѓаат ниту по нивното водство. Благодарение на неколку интервенции на голманот Алчевски и неколку нивни промашувања, македонската репрезентација загуби само со 1-0.
Македонските фудбалери имаа само една шанса во самиот финиш кога по една мешаница во шеснаесетникот на Грузија топката за малку не ја мина гол линијата на противничкиот гол.
Пред самиот крај судијата подели два црвени картони, едниот беше за македонскиот капитен Марио Илиевски, другиот за Масурадзе од Грузија.
По четири одиграни натпревари во квалификациите, Македонија е претпоследна со три порази и една победа. Зад нас е само Гибралтар, а пред нас се Холандија, Грузија, Шведска и Молдавија.