Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, од следната сезона ќе добие вистинска конкуренција за местото меѓу стативите во каталонскиот гигант.
Каталонските медиуми веќе објавија дека Ињаки Пења ќе стане втор голман на Барселона по истекот на позајмицата во Галатасарај.
Пења блескаше на првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа на „Камп Ноу“ и успеа да ја сочува својата мрежа недопрена, а имаше неколку блескави интервенции и покажа дека заслужува место во тимот на Чави.
Инаку, Пења е дете на Барселона, ги помина сите помлади категории на славната „Ла Масија“, а неодамна го прослави и својот 23 роденден.