Легендарниот голман на украински Шахтјор, Андриј Пјатов даде коментар за ситуацијата која се случува во Украина по инвазијата од страна на Русија.
Пјатов кажа дека руската инвазија трае предолго и го осуди рускиот претседател Владимир Путин за неговата агресија кон Украина.
„Ова е фашизам, еден човек ќе полуди и ќе реши да урне слободна држава. Се надевам дека наскоро ќе заврши војната. На 24 февруари ме разбуди експлозија, не верував што се случува. Најлошо е тоа што деца умираат. Мора да му покажеме на светот дека тука се случува геноцид“, рече Пјатов.