Милан и Болоња одиграа без голови во последниот натпревар од 31. коло во италијанскиот шампионат во понеделникот.
На натпреварот одигран претходно вечерва, Верона на домашен терен ја победи Џенова со 1-0. Фудбалерите на Верона рано поведоа, во петтата минута Симеоне погоди за 1:0 и тоа беше доволно за победа.
Милан е прв на табелата со 67 бодови, еден повеќе од второпласираниот Наполи и четири повеќе од Интер. Болоња е 12-та со 34 бодови.
Standings provided by SofaScore LiveScore