Рома со 2-1 дојде до победа против Лече во рамки на 9.коло во Серија А, многу потешко од очекуваното.
Домашниот тим до трите бода дојде доста тешко ако се знае дека гостите беа со играч помалку од 22.минута. Крис Смолинг донесе водство од 1-0 во 6.минута. Мортен Хјулманд доби црвен картон кај гостите во 22.минута. Сепак и со играч помалку гостите од југот на Италија дојдоа до израмнување во 39.минута преку Габриел Стрефеца.
Победата на „волчицата“ ја обезбеди Пауло Дибала со гол од пенал во 48.минута.