Македонскиот интернационалец Иван Тричковски стигна до стотиот гол на Кипар, откако учествуваше со погодок во триумфот (2-1) на АЕК Ларнака против Арис на гости.
АЕК Ларнака ја оствари третата сезонска победа, а Тричко го даде вториот гол во кипарскиот шампионат. Нашиот интернационалец погоди за водство на гостите од 0-1 во 23. минута.