Фудбалерите на тимот на саудискиот Ал-Наср на домашен терен го победија Ал Итихад со 4-2 во последното, 34. коло од саудиската лига. Херој беше португалецот Кристијано Роналдо, кој до 69. минута постигна два гола. Абдулрахман Гариб зголеми на 3-0, но Фарха Ал-Шамрани и Фабињо ги вратија гостите во живот. Натпреварот го запечати Мешари Ал-Немер со гол во петтата минута од судиското надополнување.

Ова беа 34. и 35. гол на Роналдо оваа сезона, а оствари и единаесет асистенции. Со тоа стана апсолутен рекордер на саудиската лига. Претходен рекордер беше Абдеразак Хамдала, кој во сезоната 2018/19 постигна 34 гола, а тој подвиг го оствари исто како и славниот Португалец во дресот на Ал-Наср.

https://twitter.com/i/status/1795178697248440553 https://twitter.com/i/status/1795177453939241128

Роналдо има постигнато седум гола повеќе од вториот најдобар стрелец во лигата, српскиот напаѓач Александар Митровиќ.