Македонскиот репрезентативец Агон Елези со екипата на Бохум и следната сезона ќе биде дел од Бундес-лигата. Тие на чудесен начин успеаја да обезбедат опстанок. Бохум имаше негатива од 0-3 од првиот дуел против Фортуна Диселдорф одигран дома, но возрати со иста мера на реваншот, а потоа и славеше по драматично изведување пенали (5-6).
Агон Елези остана на клупата за резерви, но неговите соиграчи одиграа фантастичен меч.
Филип Хофман во 18.минута постигна гол за Бохум и ја врати малку надежта, а во вториот дел уште еднаш беше стрелец во 66.минута. Само четири минути подоцна Кевин Штогер реализираше пенал, па Бохум комплетно ја анулира негативата од првиот меч.
Драмата продолжи со изведување пенали, а на крајот фудбалерите на Бохум успеаја да слават.
Видеото погледнете го ТУКА