Еден од најголемите таленти на Ајакс тргнува по стапките на Тен Хаг кој официјално не започнал со работа во Манчестер јунајтед, но клубот е многу близу да ангажира еден од најталентираните играчи на Ајакс.

Се работи за дефанзивецот Јуриен Тимбер, кој има само 20 години, а веќе се промовираше како незаменлив дел од одбраната на холандскиот шампион. Според шпекулациите во англиските медиуми, „црвените ѓаволи“ имаат договор со стоперот, па наскоро ќе почнат и преговори со Ајакс.

Моменталната цена на Тимбер на трансфер пазарот е околу 30 милиони евра, но се очекува Јунајтед да плати нешто повеќе од оваа сума за да го доведе во своите редови.

Тен Хаг сигурно би бил среќен со овој трансфер, бидејќи добро го познава стоперот на кој му даде шанса во првиот тим.