Екипата на Трабзонспор триумфираше со 3-1 против Манис и се пласира во осминафинале на турскиот Куп, а на натпреварот настапи и македонскиот репрезентативец Енис Барди кој имаше една асистенција.
Фунтас погоди за водство од 1-0 во седмата минута, по што Маниса израмни на 1-1, но набрзо Дестан ја зголеми предноста по одличнот изведениот корнер на Барди.
Дестан го постигна и третиот гол за Трабзонспор со што ја обезбеди победата и пласманот во осминафинале на Купот.