Ред Бул Лајпциг има мизерен старт на сезоната откако вечерва загубија во Берлин од Унион Берлин со 1-2 и по три кола сѐ уште немаат победа во новата сезона
После две ремија со Келн (1-1) и Штутгарт (2-2), Унион Берлин за шест минути во последната третина од првиот дел им даде два гола на „биковите“ и тој момент на крајот се покажа како клучен за победата.
Џордан Сибечеу во 32-та минута донесе водство, а потоа му асистираше на Шералдо Бекер во 38-та, по што Лајпциг во продолжението успеа само да се врати во мечот со гол на Вили Орбан на седум минути до крајот, но во завршницата не успеа да се спаси од пораз.
За Унион Берлин ова беше втора победа и седми бод по три кола и овој бундеслигаш моментно е второпласиран, додека Лајпциг со само два е на 11-то место.