Португалската супер звезда, Кристијано Роналдо после обврските со репрезентацијата на Португалија се врати во Ал-Наср и на натпреварот против Дамак кој се игра во рамки на 10. коло од саудиската Премиер лига му приредија спектакуларен момент и сцена која ќе ја памети целиот живот.
Навивачите на Ал-Наср подготвија спектакуларна кореографија за Португалецот. Кога играчите излегуваа на терен, на трибините стоеше „GOAT“ – најдобар на сите времиња, во чест на Кристијано. Тука беше и ликот на Португалецот и бројот седум.
Исто така, ликот на Роналдо фановите го покажаа на фантастичен начин, во стил на суперхерој, а имаше и пиротехничко шоу. Роналдо одушевено го проследи целиот момент со кореографијата.
Сцените во Ријад го обиколија светот, а Кристијано Роналдо возврати со погодок од слободен удар.