Фудбалската легенда на Манчестер јунајтед и англискиот фудбал, Сер Боби Чарлтон денеска почина на 86-годишна возраст.
За тажната вест, англиската и светската јавност беше информирана од соопштението на неговото семејство.
„Со огромна тага ја споделуваме веста дека Сер Боби почина мирно во раните утрински часови од саботното утро. Тој беше опкружен со неговото семејство“, стои во соопштението.
Боби Чарлтон важеше за еден од најголемите фудбалери на Манчестер јунајтед, 758 пати го носеше дресот на црвените ѓаволи, и постигна 249 голови за нив.
Го освои Европскиот куп на Шампионите со Јунајтед во 1968 година. Тој го крена и трофејот и на Светското првенство со Англија во 1966 година.
За Англија имаше 106 настапи и 49 голови.