Килиан Мбапе продолжува да биде предмет на пишување на француските и шпанските медиуми за тоа што ќе се случи во однос на продолжувањето на неговата кариера. Одличниот напаѓач сепак одбива да потпише продолжување на договорот со Пари Сен Жермен и неговиот трансфер во Реал Мадрид многумина го сметаат како завршена работа, но сега дојде до застој во преговорите меѓу шпанскиот клуб и францускиот репрезентативец.
Причината, според Ас, е џентлменскиот договор што двете страни го направиле пред средбата во осминафиналето од Лигата на шампионите. Дури откако ќе се одиграат тие два натпревари, повторно ќе почнат разговори за трансферот.
Да потсетиме, повторената ждрепка за нокаут фазата на натпреварувањето ги собра овие два клуба да играат на 15 февруари и 9 март, а Мбапе реши да игра фер и да ги прекине преговорите за преселба од почит кон клубот и неговите навивачи.