Зенит и Челзи одиграа 3:3 во шестото коло од Лигата на шампионите. Со ова реми актуелниот европски првак Челзи го испушти првото место во групата и во осминафиналето од врвот на табелата помина италијански Јувентус.
На тој меч се докажа германскиот напаѓач Тимо Вернер со два гола и асистенција. Во анализата на натпреварот за ТВ-емисијата Ziggo Sport’s, водителот му посочи на легендарниот Рафаел Ван дер Варт дека вториот гол на Вернер бил во стилот на славниот Холанѓанец Робин Ван Перси.
Ван дер Варт бил толку лут што сакал да ја напушти емисијата.
„Ако уште еднаш го споредите Вернер со Ван Перси, ќе станам и ќе го напуштам студиото.