Аргентинскиот фудбалер Максимилијано Форнари (26) е во Лариса, Грција. Нема пари и спие на улица. Форнари пристигна во Грција за да го заврши трансферот во Аполон од Лариса, но на крајот се се распадна.
Офанзивниот играч остана сам во Грција.
– Се се искомплицира. Не знам што се случи. Менаџерите што ме доведоа не ми оставија ништо. Го напуштив тимот за кој играв бидејќи добив официјална понуда, но никогаш не потпишав договор – изјави тој за грчките медиуми.
Форнари живее на улиците во Лариса и тврди дека нема пари за кафе, и дека спие на клупи во Централниот парк.
Пред Грција, тој играше за Атлетико Гемес, а потоа менаџерот го убеди да дојде во Лариса и му вети трансфер во Аполон кој не се случи.