Каталонските медиуми тврдат дека изборот паднал на шведскиот репрезентативец Виктор Ѓекереш кој блеска во дресот на Спортинг Лисабон и е еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов. Во шампионот на Португалија се свесни за квалитетите на својот фудбалер и немаат намера евтино да го дадат, па откупната клаузула за Ѓекереш изнесува 100 милиони евра.
Поради тоа, Барселона е подготвена во трансферот да вклучи барем еден фудбалер и тоа најверојатно ќе биде Витор Роке. Сезонава Бразилецот игра на позајмица во Бетис и добро му оди, па спортскиот директор Деко се надева дека со него ќе биде покриена барем половина од отштетата што ја бара Спортинг.
Ѓекереш сезонава има постигнато 16 гола на 10 настапи за Спортинг во португалското првенство, а лани одигра 33 меча и постигна 29 гола и 10 асистенции.