Кралскиот клуб му фрли око на Џуд Белингем и верува дека може да го купи идното лето за сума од 90 милиони евра.
„Наследникот на Модриќ веќе е во планот на Реал Мадрид“ објави реномираниот шпански медиум „АС“.
Проблем за Реал е што има англиски клубови што веќе се подготвени да платат и сума од 100 милиони евра за играчот на Борусија Дортмунд, а се споменуваат Ливерпул и Челзи.
Џуд има само 18 години и веќе настапува за А селекцијата на Англија и го сметаат за еден од најдобрите млади играчи на планетата.
Добро за Реал е што првиот човек на клубот Флорентино Перез има одлични релации со Ханс-Јоаким Вацке, кој е претседател на Борусија Дортмунд, па мадриѓани веруваат дека и тоа ќе им помогне во трката за ангжаман на Белингем идното лето.