Изминатиов период често имаше гласини за враќање на Лео Меси во Барселона, но Аргентинецот на крајот се реши за преселба во Интер Мајами. Во разговор со новинарот Жерард Ромеро, Чави рече дека претчувствувал ваков развој на настаните.
„Забележав дека нешто се промени кај Меси последниве денови, повеќе не гледаше толку јасно за враќање во Барселона. Мораме да го почитуваме неговиот избор, повеќе не сака да биде толку многу во центарот на вниманието. Не е лесно да се биде Меси, мора во се да биде перфектен, никогаш нема раат“, вели тренерот на Барса.
Запрашан дали тој чувствува вина што ги подгреал надежите кај навивачите, Чави рече:
„Надежите беа подгреани бидејќи во многу наврати разговарав со него“.
„Но, понекогаш коцките не се поклопуваат, самиот објасни зошто се решил на преселба во САД“.
„Сака пониско ниво на притисок, и ако се врати тука од него ќе се бара 10 од 10“.