Калин Ивановски одигра перфектен меч против Хрватот, Ален Бил победувајќи го без загубен гем, настапот на фјучрсот во Скопје заврши за Горазд Србљак кој загуби со 2-0 во сетови.
Ивановски денеска одигра брилијантна партија и победи со 6-0 и 6-0 против квалификантот Ален Бил. Калин кој е четврти носител на турнирот, во четвртфиналето ќе игра против Башиќ од Босна и Херцеговина, тој денеска со 2-1 во сетови го совлада Нестеров од Бугарија.
Вториот македонски тенисер кој играше во осминафиналето, Горазд Србљак загуби со 2-0 во сетови од Турчинот Киркин со 6-1 и 6-3. Турскиот тенисер е петти носител на турнирот.