Денвер Нагетс го возврати „брејкот“ на Мајами, совладувајќи го во третиот натпревар во финалето на НБА-лигата. Никола Јокиќ, но и Џамал Мареј одиграа партија за аналите, за конечен триумф од 109-94 и водство од 2-1 во серијата.
Првпат во историјата на една финална серија во НБА се случи двајца кошаркари да имаат трипл-дабл ефект со по преку 30 поени. Мареј му се придружи на Јокиќ со 34 поени и по 10 скока и асистенции, додека Србинот броеше до 32 поена, 21 скок и 10 асистенции.
Со ова негово остварување стана првиот во историјата кој во едно големо финале имал трипл-дабл со 30+ коша и 20+ скока, а продолжи да го зголемува рекордот за број на трипл-дабл натпревари во плејофот од една сезона. Ова беше негов десетти.
За разлика од претходнит меч во Денвер, кој Мајами го доби со голем пресврт во последната четвртина, овој пат немаше сили за таков потфат, а на влезот на завршниот период веќе губеше со 14 разлика. Џими Батлер заврши со 28 поена, Бам Адебајо со дабл-дабл од 21 плус 17 скока, но тој имаше очајна вечер со седум прецизни удари од 21.
Денвер сега води со 2-1, а четвртиот натпревар од серијата се игра ноќта петок кон сабота.