Денвер Нагетс славеше со 113-107 против Оклахома во рамки на НБА-лигата, а очекувано прв играч на домашниот тим беше Никола Јокиќ.

Српскиот центар реализираше 35 поени и 12 скока, а му недостигаа уште две асистенции за трипл-дабл. Арон Гордон реализираше 20 поени за Нагетс, додека кај Тандер најмногу се истакна Тео Маледон со 20 поени.

 

Мемфис и без првата ѕвезда Џа Морант славеше убедлива победа од 127-102 против шампионот Милвоки. Деантони Мелтон со 24 и Дезмонд Бејн со 20 поени ги предводеа Гризлис до триумфот. Јанис Адетокумпо имаше 30 поени и 11 скока за Бакс.

 

Бруклин му го нанесе на Мајами четвртиот пораз по ред и тоа со 110-95. Конечниот резултат е само пристоен пораз за Хит, бидејќи домашните беа во негатива од дури 37 поени во еден момент од натпреварот. Кевин Дурент постигна 23 поени за гостите, а Сет Кари имаше 17. Бам Адебајо со 14 поени беше најдобар кај Мајами.

 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Њу Орлеанс – Сан Антонио 103-107
Орландо – Сакраменто 110-114 (продолженија)
Торонто – Индијана 131-91
Кливленд – Чикаго 94-98
Портланд – Хјустон 98-115