Трагичар беше Џејмс Харден кој во финишот промаши три шута во низа со кои можеше да донесе недостижна предност за Клиперс, а потоа, во последниот напад од продолжението, ја испушти топката и го оневозможи својот тим да упати шут за евентуално израмнување.
Дурант беше најдобар играч на Феникс со 25 постигнат поени, Бредли Бил додаде 24, а Букер имаше 15. Харден беше блиску до трипл дабл, постигна 29 поени, 12 скока и 8 асистенции, но сето тоа го уништи со неколку грешки во клучните моменти.