Ракометарот Тимур Дибиров е легенда на Вардар, но и на европскиот и светскиот  ракомет, а доказ за тоа е последниот податок кој пристигнува од ракометната Лига на шампионите.

Имено, Дибиров не беше во составот на Загреб во поразот на гостувањето кај Нант поради повреда на листот која ја заработи со ПИК Сегед. Дибиров е надвор од терените три недели и планот е да биде спремен за натпреварот со Магдебург по ЕХФ неделата за репрезентација.

Дибиров претходно во 21 година колку што настапува во ЛШ не пропуштил натпревар во ова натпреварување и тоа навистина звучи неверојатно. Дибиров во ракометната елита освен со Вардар и Загреб се натпреваруваше и со Чеховски Медведи.

Исто така миленикот на вардаровата публика е и трет најдобар стрелец во историјата на ЛШ. Рускиот ракометар е на бројката од 969 гола и пред него се само Никола Карабатиќ со 1.039 гола и македонската ракометна легенда Кире Лазаров со 1.367 гола.